Директорот на Институтот за имунологија, Александар Петличковски, во Тема на денот на ТВ Сител, изјави дека со скринингот во училиштата би требало да се добие јасна слика за асимптоматските случаи и реална слика за ширењето на вирусот.

Според него, идеално е да се тестираат сите деца во училиштата, но ако се нема доволно средства, тогаш и некакво тестирање е подобро отколку да нема воопшто.

Фокусот треба да биде на учениците кои не се вакцинирани и оние кои имаат вонучилишни активности. Друг пристап е ако се фокусираме на учениците кои имаат симптоми. Осум илјади од 240 илјади ученици е мала бројка, но сепак ќе видиме некаков увид и основа – вели д-р Петличковски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.