Новите рестриктивни мерки ќе дададт резултати смета микробиологот, д-р Никола Пановски во разговор за Фактор, напоменувајќи дека навистина сите мора да ги почитуваат ако не сакаме да доживееме национална катастрофа.

Претходните мерки кои беа воведени во текот на пролетта имаа огромен ефект во спречувањето на ширењето на корона вирусот. И сега би требало да биде така, зошто на граѓаните очигледно не смее се да им се дозволи. Едноставно премногу се опуштија и очекувани се вакви бројки на новозаразени, вели д-р Пановски.

Истовремено смета дека епидемиолошката состојба допрва ќе се влошува. Во текот на есенските и зимските месеци, како што вели, очекува уште поголем број заболени, особено што во тој период има и многу други заболувања, како што се настини, сезонски грип, респираторни бактериски и вирусни болести, и така натаму.

-Очекувам влошување на епидемиолошката состојба бидејќи по воведувањето на рестриктивните мерки кои главно се донесуваат, сега за сега, на угостителските објекти, народот ќе почне да се собира по дома, да има домашни журки и повторно ќе има голем број новозаразени. Јас сметам, па и предлагам, ако не сакаме да доживееме национална катастрофа, треба сите да се соберат, мислам на партиите, но навистина сите политички партии без исклучок и претставници на верските заедници и да излезат јавно, на телевизија, на заедничка прес-конференција и да упатат еден апел да нема масовни собирања, слави, родендени, крштевки, свадби и се што подразбира масовно собирање. Само така може да ја надминеме кризата со епидемијата,  вели д-р. Пановски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.