Доктор Никола Пановски во гостување на телевизија Телма, говорејќи за високата стапка на смртност како последница од Ковид 19 во Македонија, го наведе и препишувањето двојни дози на „сумамед“ од страна на матичните лекари.

Сите починати до декември беа претходно подготвени или самите или од матичните лекари со намален имун одговор да влезат во болница и да бидат плен на болнички бактерии. Бидејќи сите до еден, со ретки исклучоци, примаа двојни токсични дози на антибиотиците азитромицин (сумамед) без никаква логика. И за тоа никој не ги казни. Освен мене никој не ги опомена. Препишани се 10 пати повеќе дози од овој антибиотик во септември отоколку што имаше позитивни. И тоа така пројде. Кога му кажавме за тоа хистерично препишување на Фондот, бројките се намалија – вели д-р Пановски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.