Зимскиот распуст на учениците треба да се продолжи барем за две недели, предлага епидемиологот Сашко Олумчев во изјава за „Сител“.

Според него, ваквата мерка може да биде добра превентива за заштита од можно ширење на коронавирусот за време празниците.

Во овој период, посочува епидемиологот, кога комуникацијата и контактите помеѓу луѓето се интензивираат, најдобро е децата да бидат дома и на тој начин веројатноста за пренесување на вирусот на поголема група ќе се намали.

Да имаме зимски распуст од еден месец во кој можат да се стабилизираат тие состојби. Ако некој се зарази ќе биде во домашни услови, може да се контролира и така натаму, бидејќи рековме се работи за високо инфективна варијанта. Ако се зарази член на семејството, многу брзо целото семејство ќе се зарази, но ќе бидат под контрола во домашни услови, а вака имате колективи како што се училиштата каде не дека тие деца не знаат, меѓутоа сепак зборуваме за мали деца и за тинејџери кои не можат да се придржуваат кон тие мерки како што треба да биде правилно. Сепак се работи за деца кои едноставно можат да се заштитат до некоја мера, не можат тие постојано да носат маска или да ја менуваат на секои два часa, вели д-р Сашко Олумчев.

Тој е на став дека треба да се следи и примерот на повеќето држави кои преку тестови прават контрола на патниците.

Не мора ПЦР тестови. Нека бидат брзи антигени тестови. Нека бидат по случаен избор да речеме, не мора секој патник, по случаен избор за да знаеме отприлика што ни се случува. Тие се евтини тестови антигените, а се точни. Точни тестови, евтини, по случаен избор и тоа е некаква мерка, вели д-р Олумчев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.