Со новите предлог-мерки на Комисијата за заразни болести намерата беше да се поттикне процесот на вакцинација кај граѓаните. Меѓутоа, во Македонија и општо на Балканот, тоа не функционира така лесно, а ќе се постигне апсолутно спротивен ефект, смета д-р Сашо Олумчев, епидемиолог и раководител на Центарот за јавно здравје Велес.
Уште на самиот почеток гледаме дека почна да се јавува револт кај граѓаните. Има поделби, присила, а почнаа да се шират секакви стории. Јас не ги оправдувам ваквите мерки, бидејќи со информирање за вакцинацијата требаше да се нафатиме уште на самиот почетокот на пандемијата, вели Олумчев во разговор за „Нова Македонија“.
За да постигне колективен имунитет, потребно е над 80 отсто од граѓаните да бидат вакцинирани. Освен тоа, студиите покажаа дека природностекнатиот имунитет кај прележаните е многу подобар отколку вакциналниот имунитет, според Олумчев.
Мерките не се ниту навреме донесени, ниту се адекватни од епидемиолошка гледна точка. Со овие мерки се деградираат оние граѓани кои го имаат прележано вирусот, а им даваме еден вид предност на вакцинираните, што не кореспондира во никој случај. Вакцините, иако се важни во борбата против пандемијата, сепак сѐ уште не се усовршени, така што, да се присилуваат граѓаните да се вакцинираат ќе се постигне само спротивен, односно негативен ефект, вели Олумчев.
Целиот разговор на „Нова Македонија“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.