Игор Николов, претседател на Комисија за здравство при ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во „24 анализа“ потсети како минатата година ист овој период власта велеше дека се е под контрола и нема потреба од мерки, и поради тоа болниците се преполнија со пациенти и справувањето со корона вирусот беше доста отежнато. Мерки за да се спречи овој вид на корона вирус се потребни, но и да се забрза процесот на вакцинација.

При заседавањето на Комисијата за заразни болести не донесе никакви одлуки. А, сите сме сведоци дека дискотеките се пуштени работат на максимум и дека се преполни со луѓе. Што би јас предложил за Комисијата за заразни болести? Јас би предложил да се професионализира и би предложил во неа да се вклучат луѓе експерти од сите универзитети и медицински факултети во земјата бидејќи ги имаме повеќе од еден. И секако би требало тука да се вклучат и оние институции кои што работат посебно на оваа проблематика. И многу е важно да се забрза процесот на вакцинација, истакна Николов.

Николов додаде дека не смее да се дозволи власта пак да ја користи паролата „се е од контрола“, а Македонија поради тоа е на врвот по починати од КОВИД-19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.