Д-р Злате Мехмедовиќ од Здравствениот дом Скопје бара од здравствените власти да воведат онлајн настава за учениците поради ширењето на сојот омикрон.
Има сериозна студија којашто ја објави „Дискавери“, според којашто додека хоспитализацијата кај повозрасните е намалена за 30%, кога е во прашање омикрон, кај децата под 18-годишна возраст е зголемена за 20%. Тоа е сериозна бројка којашто ни иницира дека треба сериозно да разгледаме за тоа да ги заштитиме младите и да не ги препуштаме толку лесно на вирусот и болеста и да сметаме дека лесно ќе поминат низ таа фаза на создавање имунитет. Онлајн настава е соодветно решение, вели Мехмедовиќ во својот апел, преку изјава за ТВ Сител.
Од Министерството за здравство велат дека на последниот состанок одржан минатата недела Комисијата за заразни болести не препорачала нови мерки.
Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска рече дека тринеделниот зимскиот распуст ќе биде во редовниот период, согласно календарот на МОН, и нема да има негово поместување затоа што состојбата со Ковид-19 е стабилна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.