Неопходен е унифициран пристап во медицинскиот третман, нешто на што од лани апелираат лекарите, меѓу кои и д- рЗлате Мехмедовиќ, кој работи во ковид центарот на интерните клиники. Во разговор за „Сител“, тој вели дека тоа е една од причините за големиот број на смртни случаи во земјата каде дневно по повеќе од 20 лица ја губат битката со вирусот.
Прво и основно, кога зборуваме за големата смртност и тоа дека се повеќе млади се инфицираат треба да земеме предвид дека треба да се има точно одреден протокол како да се лекуваат пациентите, а тој да биде донесен согласно Законот за медицина базиран на докази, да е објавен во Службен весник и да е редовно апдејтиран и така точно ќе знаете кога треба да дадете одредена терапија – кога антибиотик, кога кортикостероиди, кога суплименти. истат за еден протокол за сите кој треба да биде согласно медицина базирана на докази, објавен во службен весник и постојано да се апдејтира, вели д-р Мехмедовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.