Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Професорот доктор Вело Марковски,  во гостување во Дневникот на Сител телевизија, истакна дека му е чест што е дел од највисокото тело на ВМРО-ДПМНЕ и нагласи дека се потребни вистински решенија за состојбата со пандемијата како посебно владино тело кое ќе одлучува, особено кога власта е индиферентна на пандемијата.

Во однос на избoрот како член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, професорот истакна дека зму е адоволство што ВМРО-ДПМНЕ ја проценила неговата стручност и побарало помош во една ситуација на пандемија.

Господинот Мицкоски процени и ја ценеше мојата стручност дека можам да помогнам и треба да помогнам, јас тоа го прифатив, затоа што чест е да се биде дел од највисокото тело на ВМРО-ДПМНЕ и да пробаме преку политиката да помогнеме повеќе во оваа состојба – вели професорот Марковски.

Професорот истакна исто така дека иако оваа пандемија е една војна, постои индиферентност на властите во врска со состојбата со корона вирусот, како и дека бил критички настоен кон одредени одлуки на државата во врска со корона-кризата, затоа што не сметал дека доволно се пренесува науката.

Кога сме во војна нам не ни требаат дополнителни поделби, ни требаат обединувања за да не дојдеме за неколку месеци да Владата се огради од некои мислења на Комисијата за заразни болести– потенцираше професорот Марковски.

Тој критикуваше дека во нашата земја нема сериозно тело за стравување со пандемијата.

Комисијата е советодавно тело на министерот за здравство,а тој има неколку комисии кои му даваат совети, во овој случај тој ги прифаќа нивните мислења, но сепак таа Комисија има советодавна улога – објасни професорот Марковски.

За него најдобро решение е посебно владино тело од 4-5 доктори експерти во оваа област да носат одлуки и само така ќе можеме да излеземе од последиците од оваа пандемија.

За новите потенцијални мерки најавени од страна на министерот за здравство, доктор Марковски вели дека до сега однесувањето беше како по шведскиот модел, па не гледа некоја разлика во однос на мерките кои беа претходно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.