Девет илјади изгубени човечки животи од општи причини брои Македонија од почетокот на кризата. Толку голем број на починати немаше ни во првата балканска војна – споредува инфектологот д-р Вело Марковски.

„Bо 2020 година имаме околу 5 000 поточно 4 600 прекумерни смртни случаи, односно толку повеќе од 2019 година .Во последните три месеци од 2020 година имаме околу 2 000 починати од Ковид 19. Толку се евидентирани. Постои разлика од околу 2 200 повеќе умрени, покрај тие што починале од Ковид 19. Ние имаме скоро 50 посто повеќе умрени од општи причини и тоа загрижува. Мислам дека 9.000 починати немаше ни во прва балканска војна.” – вели д-р Вело Марковски, инфектолог.

Д-р Марковски тврди дека и погрешно се лекуваат ковид болните.Тој препорачува по различно и ефикасно лекување.

За жал, тоа што каснат вакцините треба да се помириме. Сега најважно е да се размислува да се обезбедат што повеќе вакцини,од повеќе производители за на есен – вели инфектологот Марковски. Тој укажува дека Македонија не смее да си дозволи како држава да добива лекови преку донација, оти кој ќе одговара ако се случат несакани последици.

„Сега имате од шишенце се зземаат дестина дози и сега тука има ризик за грешка.Ризик за загадување и ризик за несакани дејства и сетоа тоа не можете да го префрлите како одгговорност на друга држава која со најдобра намера ви помага. По мене, најправилно беше ако сака некој да помогне, да се дозволи тие дози кои се наменети од Спутник, Фајзер за Србија или некоја друга држава ние сами да си ги платиме и со тоа сами да си организираме и транспорт и складирање.“ – кажа д-р Марковски.

По вчерашниот црн петок и рекордниот број починати од корона денеска нов рекорд – во последното деноноќие во Скопје хоспитализирани се стотина граѓани, со што бројот на хоспитализирани на ниво на држава се искачи на 1.684. Но, алармантната состојбата министерот Филипче повторно ја правда дека таква е ситуацијата во целиот свет.

Видео разговорот погледнете го на АлфаТВ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.