Сите очекувања и проекции на број на заболени и починати како глобално, така и локално се надминати. Ова е сосема нова болест и криво ми е што во медицината кај нас има премногу политика. Можеше многу подобро. Веста дека Македонци одат во Србија да се вакцинираат е понижувачко. Мислам дека можеше многу подобро да се изменаџира делот со вакцините. Тука нема простор за пасивност и да се чека. Фајзер нѐ помножи со нула. Друго прашање е дали кинеската вакцина е ефективна или не. Во моментов да ми понудат да бидам вакциниран, јас нема да прашам која вакцина ќе ми биде вакцинирана, туку само ќе го кренам ракавот. За мене поприфатливо е она што може да ми се случи од вакцина како несакан ефект, отколку она што може да ми се случи од Ковид-19, изјави во „Утрински брифинг“ д-р Ненад Лазаров и додава дека скепсата кај народот е од незнаење.

На прашањето дали постоеја подготовки на матичните лекари тој вели: Немаме конкретни насоки, владее тотален хаос, останува нерегулирано цело примарно здраство…

Целиот разговор тука



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.