Ова е голем скандал и за ова треба некој да одговара, вели доктор Ненад Лазаров за текстот што до матичните лекари бил испратен од Лекарската комора, а е потпишан од стручниот колегиум за ЈЗУ Униоверзитетска клиника за пулмологија и алергологија и COVID-19 центрите при интернистичкиот блок, а всушност станува збор за плагијат и дело на друг доктор, текст објавен летово.
Каква срамота е ова?
Вчера Лекарска Комора на мејл кај лекарите низ Македонија дисперзира текст насловен:
“МИСЛЕЊЕ ЗА УПОТРЕБА НА ИВЕРМЕКТИН КАЈ ПАЦИЕНТИ СО COVID-19
Од стручниот колегиум за ЈЗУ Униоверзитетска клиника за пулмологија и алергологија и COVID-19 центрите при интернистичкиот блок “
Го објавив интегрално.
Текстот е плагијат, автор на оригиналниот текст е Марјан Божиновски (кој нема никаква врска со наведениот колегиум) и истиот е објавен во списанието Емитер во Август годинава.
Ова е голем скандал и за ова треба некој да одговара!, пишува Лазаров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.