Доктор Ненад Лазаров на социјалните мрежи ја коментираше состојбата со кoроната во Македонија, посочувајќи дека малиот број на позитивни лица, а големиот број на починати не укажува на смирување на состојбата, туку дека тестови се прават за патувања, а не поради сомнеж за можна инфекција.

„Бројот на починати укажува на тоа дека доминантно тестови се прават за патување, оттука голем број тестови а малку позитивни. Особено е приметливо околу викенд. Време е конечно ко матични лекари да можеме ВЕДНАШ да упатуваме на тест за да изолираме навремено, по наше мнение, без алгоротам, срамота е. Дајте да го смириме летово, пак ли ќе праиме циркузи есеноска, имаме шанса да го безмалку сузбиеме локално, дајте ни можност само“, пишува Лазаров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.