Д-р Горан Кунгуловски, на својот профил на Фејсбук, предупредува дека има големи шанси делта варијантата на корона вирусот да стане доминантен сој во светот, Европа, па и Македонија во наредниве неколку месеци.

Д-р Кунгуловски истакнува дека тој период ќе биде тежок и опасен особено за невакцинираните и тие што го немаат прележано вирусот.

Голем број на студии досега укажуваат дека овој сој на САРС-КоВ-2 се пренесува побрзо од алфа сојот (барем 50%), а претходно алфа сојот се пренесуваше барем 50% побрзо од D614G сојот кој пак се пренесуваше за 20-30% побрзо од изворниот Вухан-ски сој – вели д-р Кунгуловски.

Тој дава и неколку совети за заштита од новиот сој на ковид-19 како вакцинација и почитување на заштитните мерки.

За да ги направиме малце полесни овие неколку месеци, треба да знаеме дека:

 

1. Вакцините се уште ја добиваат битката и со новите соеви. На голем дел од нив им се намалува ефикасноста, но истата е доволна за да се неутрализира и сузбива пандемијата. Вакцинацијата ни е најсилната алатка во борбата.

 

2. Вирусот еволуира со тоа што се дели во својот домаќин. За да престане да еволуира и да прераснува во нови форми (за коишто можеби тековните вакцини нема да може да помогнат), треба да престане да се дели – а за да престане да се дели треба да престане да скока од еден домаќин (човек) на друг. За да престане, треба да се стесни ланецот на трансмиција. Тоа се прави со вакцинирање и следење на рестриктивни мерки (на сите ни е преку глава од истите, ама мораме).

 

3. Откако ќе се вакцинира голем дел на населението (се надевам), а и многу порано ќе треба да се спрема стратегија за вакцинирање со бустер доза (но моментално тоа е секундарно). Луѓето да се вакцинираат, одговорните прво да набават доволно високо ефективни вакцини и второ да спремаат стратегија за вакцинација со бустер дози – пишува д-р Кунгуловски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.