Претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски денеска изјави дека епидемиолошки, состојбата во државата е несигурна и се уште не би ја оценилл како катастрофална бидејќи уште има место во болниците за хоспитализација.
Вирусот не е истиот што беше во ноември. Кумулативниот број на заразени се разликува во однос на оној во ноември. Во последните три недели се случува еден „бум“ во бројот на новозаразени. Просечниот број се случува меѓу 1200-1300 случаи. Се насобра огромен број на случаи заради тоа што во краток временски период се наполнија болниците. Состојбата е неповолна бидејќи имаме на територијата на цела држава распространетот на вирусот Ковид 19. Но, бидејќи ја менаџираме се уште не би ја оценил за катастрофална. Медицинскиот персонал ни е проблем во моментов, изјави д-р Караџовски на денешната прес-конфренција кога беа соопштени нови рестригктивни мерки кои вклучуваат полициски час од 20 до 5 наутро до 20 април.
Д-р Караџовски вели дека минатата недела ја анализирале осстојбата.
Не ги донесуваме одлуките од денеес за утре. На неделно ниво се прави неделна анализа. Епидемиолошки ја покриваме состојабта на недела или две. Движењето на Р0 не е ист. Пет градови во моментов се критични. Епидемиолошкио состојабата е несигурна, кон катастрофална, рече д-р Караџовски.
Според него, со овие мерки можеме да очекуваме растеретување на здравствените работници.
Светот вели вакцинирај, вакцинирај вакцинирај. Кога ќе имаме поголем број на вакцинирани, ќе се стабилизира и епидемиолошката слика, кажа Караџоски.
Според министерот за здравство Венко Филипче, има намалување на инциденцата во некои градови, но во Куманово, Битола, Кичево и Тетово со уште висока инциденца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.