Директорот на ЈЗУ Здравствен дом Скопје, Виктор Исјановски, за Студио 10 на ТВ24 зборуваше за најавениот процес на вакцинација со вакцините на „АстраЗенека“.
Исјановски информира дека на почетокот на процесот вакцина ќе добијат повозрасните граѓани.
Термините до 13 април се пополнети, се работи за повозрасна популација. Се изнаслушавме, дека не треба да се дава на возрасни „АстраЗенека“, па имаше информација дека не треба таа вакцина да се дава на помлади луѓе. Добиените 24.000 дози се за цела држава, 10.000 дози од оваа вакцина се за Скопје, а и другите Здравствени домови добиле одредени количини. Во меѓувреме се надеваме дека ќе дојдат и останатите дози па вакцинацијата ќе продолжи непрекинато – вели Исјановски.
Директорот на ЈЗУ Здравствен дом Скопје информира и за динамиката по која ќе се одвива вакцинирањето на граѓаните.
На еден час ќе има по шест граѓани во вакциналниот пункт. Конкретно за поликлиника „Јане Сандански“, во прва смена има по двајца лекари и три медицински сестри. имаме искуство, на истите тие пунктови се вакцинираа и здравствените работници. Ги охрабрувам граѓаните слободно да одат на вакцинација, организирани сме. Во оваа поликлиника се одвива и ревакцинација за здравствените работници, од цела Македонија – вели Исјановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.