Гроздановска: Бројката на нозаразени оди кон четирицифрена, болници се полнат, има полициски час, а власта вели седете дома и ќе вои дојде невакциниран попишувач!

По одлуката за полициски час и неразумното однесување на власта во врска со пописот, низа на реакции по социјалните мрежи.

Реагираат најчесто докторите кои се зачудени од апсурдот на толкава бројка на новозаразени во 24 часа, на полициски час, пописот да се спроведува или на граѓаните дома да им се праќаат попишувачи.

„Неколку работи ме мачат во моментов. 1. Бројот на новозаразени оди кон четирицифрен! 2. Болничките капацитети се полнат! 3. Полициски час има (заострување на мерките!). 4. Колективен имунитет нема бидејќи ВАКЦИНИ нема“, пишува на својот Фејсбук статус доктор Николина Гроздановска, член на Комисјата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа забележува дека власта вели „се е под контрола “, попис МОРА да има со невакцинирани попишувачи!

„Ја замолувам власта да НЕ ја потценува интелегенцијата на македонскиот народ и да ПОЧНЕ да се грижи за нивното здравје и благосостојба, за што впрочем и е избрана!!!“, апелира докторката.

Добро утро Македонијо! Да сте ми живи и здрави Македонци!
Неколку работи ме мачат во моментов.
1. Бројот на…

Posted by Николина Гроздановска on Friday, 12 March 2021

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.