Пулмологот Дејан Докиќ во денешното гостување на ТВ 24 рече дека не очекува раст на случаите со коронавирус како во Италија или во Шпанија, бидејќи преземените мерки на ограничување нема да го дозволат тоа.
Не очекувам пик како во Италија и Шпанија. Во популација во која нема строги мерки, се случува тоа. Тоа не е случај кај нас, бидејќи се преземени мерки кои овој пик ќе го обезглават. Кривата линеарно ќе расте, тој врв ќе биде затапен врв, и не очекувам дека ќе го закочи здравствениот систем. Токму тоа е и целта на мерките. Да, ќе има врв, но ќе биде затапен. Тоа ќе зависи и од верските празници кои доаѓаат. Ако луѓето се собираат во поголеми групи, тоа ќе биде фатално во однос на ширењето, рече Докиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.