Епидемиологот Драган Даниловски смета дека настава со физичко преисуство од први септември, кога почнува новата учебна година, би била изводлива само ако родителите и членовите на најтесното семејство, баби и дедовци, на ученикот бидат вакцинирани.
Ако продолжи динамиката со бројките на заболени од корона вирусот, наставата во живо би била изводлива само ако родителите на сите деца бидат вакцинирани и доколу на децата им се обезбеди секоја недела да се проверуваат со брзи антигенски тесови. Децата не би ги вакцинирал, освен со „Фајзер“ и тоа само децата со хронички здравствени проблеми кои се под висок ризик доколку се заразат со вирусот. Јас децата не би ги ставил во приоритетна група од причина што е недозволиво да се вакцинираат деца и со нив да се прави колективен имунтет, а истовремено во државата да нема опфат од 50% вакцинирани граѓани. Прво треба да се вакцинираат возрасните – вели Даниловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.