Веројатноста да има и повеќе случаи на британскиот сој е голема. Прашање е како тој го стекнал вирусот тука кај нас дома, изјави доктор Даниловски во интервју за Сител.
Доктор Даниловски вели дека вирусот кај нас многу порано изгледа дека е присутен. Огромна штета е дека заразениот со вирусот не дава податоци за контакти, а убаво би било да соопшти и да каже со кого се контактирал пред да се зарази а тој некој да патувал во странство. Во секој случај знаеме дека мутантот е меѓу нас и треба да се однесуваме буквално како да е цело време тој на стариот е ирелевантен зашто се проценува дека со оглед на брзината на распространувањенто тој многу брзо ќе предоминира во однос на стариот. Стекнатиот имунитет што веќе го имаме 45-46% е сепак некаква бариера и штити од овој мутант.
Веројатноста е голема дека на Нефрологија се шири новиот сој на коронавирусот со оглед на појава на поголем број случаи на мал простор за многу кратко време и мислам дека е неопходно одма да се испита за каков сој станува збор, не треба многу, треба само еден примерок од заболените да се анализира, вели доктор Даниловски.
За среќа досегашните испитувања за вакцината покажуваат дека штитат и од британскиот мутант, барем засега. Прво се мислеше дека заразноста не е поголема од 35%, а од 27 јануари проценето е дека заразноста е 50-70% поголема од онаа на оригиналниот ова може да ја влоши епидемиолошката ситуација, дневниот број може рапидно да расте, пропорционално и бројот на починати. Извештајот од Англија минатата недела покажува дека и стапката на смртност кај новиот сој е 30-40% повисока, така што колективниот имунитет се надевам ќе оневозможи поголем скок на бројките кај нас, но едно нешто е вистина дека со природен имунитет никогаш до крај не се решила ниедна епидемија или пандемија туку само со примена на вакцини, така што вакцини ни се потребни колку што е можно побрзо, додава докторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.