Повторно мерка од Владата со која на најбезобразен начин се подценува достоинството на матичните и докторите од примарна здравствена заштита. Ќе добивале 30 денари (и со букви – триесет денари) за секој пациент кој ќе го убедат да се имунизира. Како не ви срам и жал, бре непрокопсани, вака да си играте со чувствата и професионалниот интегритет на докторите. Им фрлате трошки и очекувате да се радуваат, вели доктор Андон Чибишев.
Ама, затоа имате илјадници евра за вашите послушници во пропаднатото СЈО, имате пари за дресирање магариња, купување бифтеци, ф,стаци, бадеми и најново како прочитав за популаризација за некаква пица која правела од пред новата ера. Поддршка и респект за моите колеги, додава Чибишев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.