Д-р Борче Јовчески, кандидат за градоначалник на Прилеп на својот фејсбук профил му се обрати на Заев:
Господине Премиер,
Ве молам покажете повеќе почит за нашите херои во народно-ослободителната војна и прекинете со понижувањето на нашите предци.
Прилеп е град херој токму затоа што нашите партизани, заедно со кумановските, први го запалија факелот на слободата во борбата против бугарскиот фашистички окупатор. Нашите дедовци беа храбри родољуби и антифашисти, а ние сме горди на нивната саможртва и подвиг.
На 11ти Октомври повелете во Прилеп да се поклониме пред споменикот Могила на непобедените, за сами да се уверите колку народот си ја почитува и цени својата историја и прилепските херои кои загинаа за Македонија.
Со почит,
Д-р Борче Јовчески, кандидат за градоначалник на Прилеп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.