Природно стекнатиот имунитет по секоја инфективна болест е најдобриот имунитет, па затоа вистинските прележани болни од ковид-19 се драстично обесправени со новите антиковид мерки, објаснува д-р Нико Беќаровски од Институтот за токсикологија. Тој на својот Фејсбук профил напиша дека ставањето на вистински прележаните болни во иста група со невакцинираните непрележани граѓани е медицински неоправдано.

Во лифт се чувствувам побезбедно ако се возам со лице кое прележало ковид-19 во последните шест месеци, отколку да се возам со лица кои се комплетно вакцинирани во последните шест месеци. Сите прележани од ковид-19 со релевантен тест за антитела би требало да добиваат ковид-пасош, кој би се обновувал на секои три месеци, секако, доколку нивото на антитела е задоволително, напиша д-р Беќаровски.

Тој смета дека медицински оправдано е давањето на бустер доза кај сите постари лица од 50 години, кои во меѓувреме заболеле од ковид-19, како и кај сите заболени од имунокомпромитирачки болести.

Вакцинацијата на комплетно здрави малолетни лица нема реална медицинска индикација, а кај лица од 18 до 30 години е пожелна, но не и неопходна. Масовната вакцинација сè уште е најдобар и единствен начин за сузбивање на пандемијата, иако не ги исполни сите очекувања. Вакцините е најголемото достигнување во современата медицина во последните 150 години, напиша докторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.