1-3% од вакцинираните развиваат таканаречен поствакцинален синдром, кој обично е лесен и се манифестира со болна осетливост, температура, малаксалост, објаснува д-р Нико Беќаровски, додавајќи дека овој синдром трае 24-48 часа.
Мора да разбереме дека за успешна вакцинација на вработените во приватниот сектор мора да се обезбедат и услови за сите кои ќе развијат поствакцинален синдром да отсуствуваат од работното место, а не по секоја цена да се присилуваат веднаш по вакцинацијата да се вратат на своите работни места. На овие лица мора да им се овозможи да отсуствуваат 1-2 дена од работното место БЕЗ ДА БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ НА ЗАКАНИ. За да не се злоупотреби оваа можност од вработените, може да постои клаузула за одработување на ова отсуство, каде технолошкиот процес тоа го дозволува, или наједноставно да се одземе 1-2 дена од годишниот одмор, пишува на „Фејсбук“ професорот и доктор на Клиниката за токсикологија.
Според моите сознанија, додава тој, во текот на вакцинацијата во битолската фабрика Kromberg & Schubert, која се одвива овие денови, неколку работнички биле принудени да останат на своето работно место и покрај тоа што развиле класични симптоми за поствакцинален синдром.
Веројатно со исти проблеми се соочуваат и сите останати вработени, пред се во ТИРЗ зоните и текстилната индустрија.
Затоа апелирам до надлежните во МЗ и МТСП, веднаш изнајдете начин како овој проблем безболно да се разреши. Во спротивно ќе имаме се помал одзив за вакцинација во оваа екстремно вулнерабилна популација, а со тоа ќе биде компромитиран и целиот процес за создавање на колективен имунитет.
П.С. Само здрав, задоволен и заштитен работник е продуктивен на своето работно место !!!, порача д-р Беѓаровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.