Директорот и гинеколог на болницата во Струга д-р Мухамед Асани во изјавата пред членовите на Лекарската комора навел дека родилката Јелдз Веаповска ја породил со машко бебе, а таа дома си дошла со женско бебе, објави „Слободен печат“.

„Слободен печат“ дојде до целосниот извештај од спроведениот стручен надзор на Лекарската комора, за случајот каде на медицинската сестра од Дебар Веапоска, извадени и беа матка, бубрег и јајник, иако во струшката болница отишла само за да се породи.

Во извештајот пишува дека кај родилката настапило крварење од артерија на левата страна, па затоа морале да го вадат и бубрегот.

Со оглед на тоа што крвниот сад не можел да биде реконструиран, оперативната екипа била принудена да направи левострана нефректомија” пишува во извештајот од Лекарската комора кој содржи 10 страници.

Целиот текс тука.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.