Судијата Владимир Туфегџиќ соопшти дека поднел барање до Судскиот совет за престанок на вршењето на судиската функција.
Тој на фејсбук вели дека кариерата ќе ја продолжи како адвокат.
„Денеска после долго размислување до Судскиот совет на РСМ поднесов барање за престанок на вршење на судиската функција по сопствено барање, заклучно со 01.12.2021 година.
Судиската функција ја доживувам како престижна статусна функција која претставува предизвик, да се реализира судија од кариера преку постојано едуцирање и напредок во кариерата.
Доколку не се оствари напредувањето во кариерата, како основна цел, мотив и двигател во секоја работа, особено на судиската функција, поради нарушен систем на вредности, тогаш започнува да се губи смислата и мотивот да се продолжи понатаму во истиот амбиент“ пишува судијата Туфегџиќ.
Додава дека кариерата ќе ја продолжи во угледна адвокатска канцеларија.
„После престанокот на мандатот, мојата кариера ќе ја продолжам понатаму како дел од угледна адвокатска канцеларија и ќе продолжам да се залагам за воспоставување на вистинските вредности и вреднување, особено за целосно елиминирање на политиката и политичките влијанија во правосудството“ пишува судијата на фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.