Вечерва во емисијата Клик Плус каде гостуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прашање на новинарот Цветковски што мисли тој за изјавата на претседателот на државата Стево Пендаровски за Германски Дојче Веле во контекст на лидерска средба, Мицкоски одговри дека не го следел бидејќи тој разбрал дека претседателот на државата е неискусен политичар и не знае дали неговите ставови се релевантни.
-Не го следам бидејќи јас како што разбрав тој е неискусен политичар и не знам сега неговите ставови колку треба да се следат и дали се релевантни, бидејќи јас разбрав дека тој што до вчера го тераше македонскиот народ да го гласа Стево Пендаровски, за него рече дека е неискусен политичар. Сега навистина да бидам искрен, шегата на страна, не сум го следел што кажал за лидерската средба, нагласи Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.