Ве молам кажете дека се шегувате, им порача порашната министерка за култура Ганка Цверанова на Град Скопје и градоначалникот Петре Шилегов, по веста дека од наредната недела градот ќе организира маалски концерти кои што ќе имаат можност да се следат од балконите.
Ек на пандемија, здравствени работници молат за заштитна опрема, мали и средни претпријатија колабираат, луѓе остануваат без работа, а Град Скопје организира концерти со хонорари за изведувачите. Ве молам кажете дека се шегувате!, пишува Цветанова.
Таа им порача да го следат примерот на Филхармонија, која донираше на Инфективната клиника.
Патем @CityofSkopje, не би бло на одмет да го следите примерот на Македонската филхармонија и парите од градската каса наменети за културата да ги донирате во некои од здравстевните институции! pic.twitter.com/uSGn9TL3ll
— Ganka Cvetanova (@gankacv) April 12, 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.