Поранешната министерка за култура Ганка Цветанова ја коментира на Твитер снимката од Владата со која се потврдува дека шефицата на европската дипломатија во заминување Федерика Могерини на прошталната средба со лидерите на Западен Балкан, сепак, се поздравила и со премиерот Зоран Заев.
„И ние… И ние наскоро ќе се простиме со Заев. Ама нема да му простиме!!!“, твитна Цветанова.
И ние… И ние наскоро ќе се простиме со Заев. Ама нема да му простиме!!! pic.twitter.com/O5D8S9JgmT
— Ganka Cvetanova (@gankacv) November 2, 2019
Заев на 3 јануари ќе му ја отстапи премиерската фотелја на шефот на техничката влада што ќе ги спроведе предвремените избори на 12 април.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.