Од Центарот за управување со кризи известуваат за ситуацијата со пожарот во кочанскиот регион и градот Кочани. Според нив, до 20 часот, има пожар во близина на с. Бели.
Пожарот во неколку нарати е загасуван но истиот се разгорува и во моментот е вон контрола и претставува опасност кон склад на Макпетрол, кон Драчевик и Белско маало. Според дојава на граѓани пожарот е сосема до куќите.ТППЕ Кочани се наоѓаат на терен како и екипа од ТППЕ Виница со 2 ПП мв и 4 пожарникари. Барања од граѓани за дополнителни сили бидејќи постоечките не можат да задоволат. Во Кочани има уште еден активен пожар, предизвикан од паднат далекувод кај мв Костин Дол и истиот за кратко време се има проширено кон шумски предел и е вон контрола. За истиот е побарана интервенција од воздух, стои во соопштението на ЦУК.
Според неофицијални информации, засега нема повредени лица во пожарите, а медицински екипи од здравствените установи во околните градови се мобилизираат во случај да има потреба за интервенција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.