Пожарот на планината Галичица после интервенцијата на хеликоптерот на АРСМ и временските услови (попладнето повремено врнеше слаб дожд) во најголем процент е локализиран, соопштуваат од ЦУК.
Се забележуваат уште три помали жаришта каде што сеуште чади, но се проценува дека во текот на ноќта не би требало да предизвикаат поголеми проблеми. Во текот на утрешниот ден, рано наутро екипа од околу четириесетина лица составена од припадници на ТППЕ-Охрид, НП Галичица, ПО ДЗС-Охрид, ПСС-Охрид и одреден број на волонтери ќе направат целосна проверка на опожарениот простор.
Договорена е целосна логистичка поддршка за дејствување на лицата кои ќе бидат на терен, како и механизација за прочистување на планинските патишта.Договорено беше во текот на утрешниот ден да дејствуваат два хеликоптери, меѓутоа поради моменталната состојба со пожарот на Галичица планот е променет и прво ќе се чекаат упатства од екипата која утре изутрина ќе се обиде да го ликвидира пожарот со копнена интервенција. Доколку се појави потреба од интервенција на хеликоптерите, истите ќе бидат активирани, велат од ЦУК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.