Комисија за утврдување на правилност во примената на стандардните оперативни процедури за работа на Регионалните центри за управување со кризи Кратово и Куманово почна со работа.

Како што информираат од Центарот за управување со кризи, тоа е дел од преземените активности заради целосно расветлување на случајот на координацијата и давањето помош на медицинскиот тим во кратовско, којшто го спаси премрзнатиот сточар од село Емирица.

Денеска, пак, стигна информацијата дека овчарот починал.

Како што најави на вчерашната прес-конфернција в.д. директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, комисијата детално ќе го испита овој случај и ќе утврди дали постојат пропусти и слабости во ЦУК или во другите институции од Системот за управување со кризи, за истите да бидат надминати во иднина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.