Француските експерти за високо ризични пожари и директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов заедно со полициските специјалци беа во природниот резерват „Јасен“, каде имаше дојава за чад и за можни жаришта на пожари.

Не наидовме на жаришта за пожар, иако утрово имавме дојава за мал чад на врвовите над „Јасен“. Но, контролата на теренот по највисокиот срт продолжува од страна на македонските полициски специјалци и француските експерти за високоризични пожари – соопштија од ЦУК.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.