Сe има ли ум, прашува прашува професорот Љубомир Цуцуловски по барањата АРМ да излезе на улица и да воведува ред пред маркетите и банките.
За време на големата епидемија на вариола вера од 1972 година, кога (според некои проценки) биле вакцинирани дури 18 милиони граѓани, Југославија не ја извади војската на улици, туку беше ставена во херметички карантин, за да ја заштити од заразата. Не беше дозволено излегување од ЈНА, и покрај тоа што многу војници го имаа завршено воениот рок, ниту беше дозволено влегување во ЈНА (касарните), сеедно што многу регрути го имаа пречекорено датумот во кој требаше да се јават на своите воени места. Така беше сѐ додека секој (буквално, секој!) војник-регрут, или секој војник со завршен воен рок, не беше успешно вакциниран. Конкретно, требаше да се јавам во касарната во Рашка кон крајот на март, меѓутоа заминав за Рашка (април) дури откако третото вакционирање беше успешно. Сега, некои новостокмени политичари, градоначалници и други слични суштества, се однесуваат обратно – повикуваат војската да биде изнесена на улиците за да воведувала ред, неводејќи сметка дека, на тој начин, и така слабо заштитената АРМ може да биде уште понезаштитена – да биде вовлечена во општата пандемија. Кои би биле можните импликации од повикување на војската да воведува ред (нагласувам уште еднаш – да воведува ред!) во мирнодопски услови, е прикаска сама за себе, посочи Цуцуловски на „Фејсбук“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.