Господинот Заев треба да каже каде биле службите кои не успеале да го детектираат болниот или неболниот Мијалков, изјави за „Само Интервју“ на Канал 5, универзитетскиот професор Љубомир Цуцуловски кој додаде дека ова се помалку чудни и збунувачки работи.
Тој вели дека според снимката што можевме да ја видиме воопшто не оддаваше дека Мијалков претходната ноќ имал температура 40 степени, бидејќи делувал доста добро, лежерно со доста цврст и енергичен глас.
Затоа прашањето е што всушност се случувало тие 46 или 48 часа. Власта треба да каже што точно се случувало и зошто не можела да направи контрола на една земја која е според своите димензии сосема мала и мал број на население каде секој со секого е братучед или во некаква сватовска врска, рече Цуцуловски.
Според Цуцуловски оправдувањата дека виновен е системот и префрлањето на вината од едни на други, единствено значи замаглување на јавноста и дека власта не функционира како што треба.
Замаглување е дека виновен е системот, бидејќи системот не е сам по себе, системот е тоа што луѓето прават преку институциите, така што во прашање е функционирањето на системот кој зависи од функционирањето на другите. Власта самата на себе си префрла одговорност, односно едни делови на власта на други. Кога власта почнува вината да ја префрла тоа значи дека власта не функционира добро и не би дошло до такво несовпаѓање на изјавите и префрлање на вината, потенцира Цуцуловски.
Тој додаде дека во Македонија постојат повеќе заврзани ткива кои меѓусебно се спротивставени, но можеби и соработуваат и тоа донекаде го објаснува помалку зачудувачкиот феномен, како се бара човек во една земја која е три педи.
Земја која не живеат ни 2 милиона граѓани, да го барате два или три дена, да распишувате меѓународна потерница, а потоа тој самиот да се појави и да не знаете од каде дошол и каде бил, а претходно, пред да го снема го имале пред своите очи. Тоа се помалку чудни и збунувачки работи, нагласи Цуцуловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.