Професорот Љубомир Цуцуловски на својот фејсбук профил напиша:

ДА НЕ ДОЗВОЛИМЕ… Да не дозволиме да се фатиме на перфидната јадица, која бугарската држава постојано нѝ ја потура – дали, имено, Македонците сме Македонци; каква е и чија е нашата македонска историја; дали револуционерите, кои се бореле за независна Македонија, се Македонци; дали постои македонскиот јазикот, на кој секојдневно говориме, општиме, пишуваме, пееме…, бидејќи тоа е истата јадица/мамка на која се фативме уште 1992 година (после Лисабонската декларација) да разговараме со Грција за некои разлики околу името, кои никого на ништо не обврзувале, уште помалку принудувале – барем така нѐ убедуваа. Потоа, разговорите преминаа во преговори. Преговорите во… И, на крај, сето тоа резултираше со Договорот од Нивици и привременото губење на државното име. И покрај сето тоа, многу нешта не научивме, па вчера во мојот пост (од наша пуста добродушност, еднаква на неискусност и наивност) извесен анонимус (Мариян Иванов Ноев) успеа да се наметне со својата некултивирана нахалност и да стана централна фигура во коментарите со која се спори, на која ѝ се докажува, аргументра, наместо целосно да се игнорира, а главното внимание да се посветеше на изјавата на Екатерина Захариева и на тоа што е имплицирано во неа.

Затоа, да не дозволиме понатаму да се лепиме на вакви перфидни мамки, особено на денешен ден, кога Делчев беше (најверојатно!) предаден и, потоа, убиен.

ДА НЕ ДОЗВОЛИМЕ… Да не дозволиме да се фатиме на перфидната јадица, која бугарската држава постојано нѝ ја потура –…

Posted by Љубомир Цуцуловски/Ljubomir Cuculovski on Monday, 4 May 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.