Универзитетскиот професор Љубомир Цуцуловски, поставува неколку логични прашања до јавноста и кандидатот Стево Пендаровски по неговата изјава дека имал сознанија дека е следен од тајни служби.
НИШТО НЕ Е КАКО ШТО БЕШЕ. Еден од претседателските кандидати се пожалил дека цело време бил следен од службите на некоја тајна странска сила/полиција. Ако е навистина тајна сила/полиција, а самиот тој знае дека е тајна, тогаш следи дека таа не е тајна. Ако, пак, навистина е тајна сила/полиција, тогаш како знае дека е тајна, прашува Цуцуловски кој вели дека можат да се постават уште многу прашања од типот „ако“, поврзани со тајната сила/полиција.
Ако е тајна, како се знае дека е тајна, прашува Цуцуловски за кого постои уште еден суштински проблем:
Ако некој (сеедно кој), навистина е следен од некоја сила/полиција (тајна или нетајна, сеедно) тогаш каде се и што чекаат македонските безбедносни сили? Или, веќе ништо не е како што некогаш беше? Дури и ако е како што беше, сепак не е како што беше, заклучува професорот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.