Македонија денеска е корумпирана држава, внатрешно длабоко поделена и конфронтирана, која живее на кредити и еден ден тој балон ќе пукне со катастрофални последици, кажа поранешниот претседател Бранко Црвенковски на денешниот свечен научен собир „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното формирање и развој: 1941 – 1991 / 1991 – 2021 година.
На собирот кој се одржа во организација на МАНУ, покрај академици говореа и поранешните претседатели Бранко Црвенковски и Ѓорѓе Иванов и актуелниот претседател Стево Пендаровски.
Црвенковски кажа дека Македонија 30 години по осамостојувањето е корумпирана држава, нема еднаквост пред законот, нема правда, нема доверба во судството и со тоа нема фер пазарна економија каде ќе одлучува квалитетот, а не како што кажа „подмачкувањето онаму каде што треба“, нема квалитетно образование, здравство и ефикасна јавна администрација. Македонија е и внатрешно длабоко поделена и конфронтирана држава, каде не може да се изгради консензус околу ниту едно стратешки важно прашање
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.