Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски во вчерашното гостување на телевизија Сител рече дека Владата направила лапсус со изборот на Владо Бучковски за преговарач со Бугарија.

Тој објаснува дека нема простор за преговори за идентитет, ниту пак за Гоце Делчев кој се родил живеел и се борел за Македонија.

 

Се разговара за нешто што е недозволиво и бугарската страна ја повторува историјата, за жал користејќи го моментот дека Македонија сака да биде таму кај што се сите развиени и модерни држави во светот, а тоа е Европската унија. Сите оние барања што беа поставени се општо неприфатливи, не само за мене, туку, гледам, и за македонската јавност, бидејќи нема простор за преговори за идентитет, за Гоце Делчев, којшто е сржта на постоењето на македонскиот народ во современата, поновата македонска историја, се родил како Македонец, живеел, работел и загинал за Македонија. Впрочем, вечното почивалиште му е тука во Скопје. Се отворија многу шпекулации во јавноста. Видете, многу лесно е некогаш да му се правите силен на послабиот. Бугарската страна го користи активно овој момент да зграби што е можно повеќе, но верувам дека ќе изнајдеме начин и средства да го надминеме тоа и повторно да ја постигнеме нашата цел, членство во Европската унија, бидејќи НАТО веќе го затворивме.

 

Прашан за потегот и реакцијата на поранешниот претседател Бранко Црвенковски рече дека тоа е разбирливо.

-Црвенковски може да се откаже од се, само не од Македонија и СДСМ, рече Димитриевски.

Димитриевски објаснува оти е исторски факт дека Куманово е ослободено од страна македонските партизани. Има живи сведоци, имаме голем број на личности.

Еден Трајко Бузо кој е покоен, да беше жив ќе објаснеше како излегол со Томсон пред тогашните сојузнички сили да укаже дека не му е дозволен на ниту еден припадник од страна на Отечествениот фронт, Црвената армија и останатите да влезат како ослободители во Куманово. Од друга страна, Мемоарите на Михајло Апостолски кој е еден од најголемите војнички умови во современата македонска историја, точно јасно и децидно го опишуваат секој момент, а господинот Каракачанов вчера правеше шали со неговото име. Тоа е недозволиво.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.