Црвениот телефон на Телма заѕвони под директива на премиерот Зоран Заев. Теливизија Телма го откажа веќе закажаното интервју за гостување на претседателот на најголемата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Телевизијата направи цензура како во најлошите времиња тоталитарните системи. Цензурата не е ниту европска ниту демократска вредност, но власта која ги контролира медиумите во Македонија се користи со таа алатка.
Зошто е цензурирана опозицијата? Дали власта во Македонија не сака да се слушне гласот на опозицијата? Кои се причините поради кои власта ја замолкнува опозицијата? Во суштина станува збор за цензура која говори дека опозицијата е супресирана, цензурирана и под атак, бидејќи власта не сака да се слушне гласот на опозицијата односно претставникот на едно огромно гласачко тело.

Колку вреди слобадата на медиумот Телма? Зошто под директива на Заев се цензурира опозицијата?

Суштината и позадината на оваа цензура е многу едноставна, а и јасна. Телма има и олигархиски интерес и политички интерес. Во целата позадина на оваа цензура се работи за договорот на компанијата Макепетрол со Гама од 32 милиони евра со која Заев ја купува поддршката од медиумот.

Договорот беше постигнат крајот на 2019 година по речиси двесет години. Со истиот „Макпетрол“ на Владата го продаде својот удел во гасоводот, со што тој целосно премина во државна сопственост. Договорот меѓу Владата на Заев и нафтената компанија „Макпетрол“, сопственик на националната провладина телевизија „Телма“, чини 32 милиони евра.

Шемата на корупција е очигледна бидејќи во истиот договор Владата се согласува дека инвестицијата на Макпетрол е 18 милиони евра, но не дава објаснување зошто плаќаат 32 милиони. Оваа информација иако објавувана остана заташкана.

„Макпетол“ и ГА-МА од 2005 година водеа судски спор за тоа кој има поголем удел во гасоводот. Спорот во суштина се водеше за правото на мнозинска сопственост врз акциите во гасоводот за што двете страни тврдеа дека се сопственици на мнозински пакет односно 51 отсто од акциите на компанијата. Откако пробемот со години се влечеше низ судските лавиринти, без разрешница се побара и медијација од Центарот за решавање на спрови на Енергетската заедница за конечно регулирање на сопственичките односи, што е согласно Законот за енергетика и Третиот енергетски пакет.

Оваа цензура која сега Телма ја прави е само една од низата. Новинарите секојдневно се мета на разни напади, закани и уцени, а власта наместо да ги осуди, ги квалификува за проопозициски медиуми и новинари. На новинарот Љупчо Златев му се суди за наводно оддавање на државна тајна, тој беше и физички нападнат. Во еден момент тој ги повика премиерот и претседателот, Заев и Пендаровски.

„Се прашувам каде се претседателот Пендаровски и премиерот Заев да кажат 2-3 збора? Устите им се полни со европски перспективи а во исто време премолчуваат на класичното кршење на слободата на изразување“, стои во неговата објава на Фејсбук од пред неколку месеци.

Ова не е прв случај во кој се гони новинар. Пред извесен период под ваков сличен прогон беше и новинарот и уредник на порталот Инфомакс, Александар Митовски кој беше осуден шест месеци условна казна доколку во наредните две години не го повтори делото, како обвинет за оддавање службена тајна при објавувањето на исказите на сведокот Орце Камчев во Јавното обвинителство за случајот „Рекет“.
Владата предводена од СДСМ повеќе пати ветуваше слобода на говор и слободни медиуми, но сведоци сме на се почестите физички пресметки, закани и притисоци… па дури и пресуди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.