Црвениот крст утрово испрати тимови за одговор при катастрофи за логистичка поддршка и прва помош на граѓаните и тимовите кои гасат пожар на територија на општина Пехчево, како и хуманитарна помош во повеќе региони.
Како што се наведува во фејсбук-статусот на организацијата, хуманитарна помош е испратена во Берово/Пехчево и тоа 500 пакети со храна, 500 пакети со хигиена, 2.592 шишиња вода од 0,5 литри, 400 ќебиња и 50 душеци, и во Куманово, каде се испратени 100 пакети со храна, 100 пакети со хигиена, 200 ќебиња, 2.592 шишиња вода од 0,5 литри и 50 душеци
Се дополнува дека за утре е планирана дистрибуција на хуманитарна помош за Делчево што ќе се состои од 100 пакети со храна, 100 пакети со хигиена, 2.592 шишиња вода од 0,5 литри, 400 ќебиња и 20 душеци и Кочани – 100 пакети со храна, 100 пакети со хигиена, 2.592 шишиња вода од 0,5 литри, 400 ќебиња и 50 душеци.
Тимовите се состојат од осум волонтери од Црвениот крст на Град Скопје и по четири волонтери од општинските организација на Црвениот крст од Штип, Делчево, Кочани и Берово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.