<Научното списание „Лансет“ објави студија на 25 научници за движењето на населението до 2100 година, во која прогнозите за Македонија се далеку од позитивни. Зависно од сценариото, проекциите се дека за 80 години отсега во Македонија ќе има најмалку 920 000 жители а најмногу 1 270 000 жители.

На Земјата ќе има најмногу луѓе во 2064 година, прогнозираат 25 научници во студијата која деновиве ја објави реномираното научно списание „Лансет“. Тогаш, светската популација ќе достигне 9,7 милијарди жители, за разлика од 7,6 милијарди, колку што живееле во светот во 2017 година. Но, до 2100 година, студијата предвидува дека светската популација ќе се намали до најоптимистички 8,7 милијарди до „песимистички“ 6,3 милијарди жители,пренесува „360 степени“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.