Со испраќање хеликоптер „Бел 412“, Црна Гора се вклучува во борбата со пожарите во Македонија.

Како што објави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, црногорскиот хеликоптер утре (среда, 11 август) изутрина ќе дојде во земјава.

Утре наутро во справувањето со пожарите се вклучува и Црна Гора – испраќа хеликоптер Bell 412. Благодарност до колешката Оливера Ињац! – напиша Шекеринска на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.