Црна Гора од утре ќе ги отвори границите за граѓаните на Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово, изјави директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша.
За влез во Црна Гора најверојатно ќе биде потребен негативен ПЦР тест или серолошки тест ЕЛЕСА, изјави Мугоша во гостувањето на утринската програма на телевизијата „Вијести“.
Според него, одлуката за отворање на границите е донесена на барање на туристичката заедница.
Начините за влез во земјата треба да ги одреди денеска на седница Националното координативно тело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.