Сопругата нан пејачот Марјан Коцев, Билјана, остро ја осуди мерката за забрана за настап на музичарите во угостителските објекти.
Таа реагира дека со таквата мерка голем број семејства, меѓу кои и нејзиното, се оставени без извор за егзистенција.
Ете, заради пијандурата Владо Горгиев, и некој новопечен фраер Мете МОШ, кој мислел дека има локал во Њујорк со 8.000 ден резервација за 4 лица, сега нашите естрадни уметници ќе останат дома и ќе си пеат/свират на ѕидовите.
Ало Влада, ало Венко, ало комисија требаше порано додека ги следевте рекламите на социјалните мрежи и билборди за иностраните уметници и пред да резервирате маса за 8.000 ден, да помислите и предвидите што ќе се случи со тие потези. И сега што ќе правиме ние со нашите естрадни уметници? Најлесно е Венко да кажеш стоп на нештата, а потешко е да размислиш што ќе биде сега, и до следната пролет!!!!!
Имено, во контекст на цела ситуација, Владата донесе мерка за активно невработени лица да подели платежна-картичка од 9.000 ден, без никакви аплицирања. На мојот естраден уметник му следуваше по дифолт истата, му испратија смс од банка каде да ја подигне. Станува збор за ФИНАНСИИ ОД БУЏЕТ НА РМ. По некое време донесоа мерка за помош на естрадни уметници, со пристигнати ФИНАНСИИ ОД ЕВРОПА (значи не оптоварен буџет на РМ), за месеци Април и Мај (иако и другите месеци од кризата не дозволија работа за овие лица), по 14.500 ден од месец. Мојот естраден уметник уредно аплицираше до Владата, исполнувајќи ги сите услови за оваа помош. НО ГО ОДБИЈА, БИДЕЈЌИ КОРИСТЕЛ МЕРКА ЗА ПЛАТЕЖНА КАРТИЦА. Уште еднаш да нагласам, финансиите за двете мерки се од различни буџети. Значи, мојот естраден уметник излезе виновен што ги исполни условите за двете мерки.
Исто така, Стопанска банка понуди да се одложи кредитот на уште 6 месеци, но и тие одбија, малку им беше атачираниот документ дека уметников е активно невработен, па уредно пратија смс дека е одбиен, и дека кредитот му доспева овој месец.
И сега што? Да го жалам и плачам Мете МОШ и сите останати што им се затвори култното место за искачање или на Венко да му посакам да живее со 20.000 ден месечно, со станбен кредит и две мали деца???????
Подобро КОРОНА да фатам, него децата да ми останат гладни!!!!
МРШ, ОДВРАТНИ И СЕБИЧНИ СТЕ СИТЕ ДО ЕДЕН! – реагира Билјана Коцев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.