Засега нема официјален одговор ниту од Центарот за јавно здравје ниту од Државниот санитарен и здравствен инспекторат колкумина контакти кои непосредно пред смртта биле со поранешниот пратеник Амди Бајрам, но и сите оние кои присуствуваа на свадбата на внуката во Турција треба да бидат во домашен карантин, пишува Сител.
Починатиот Амди Бајрам е влезен во денешната Ковид статисатика, откако вчера попладне неговиот постмортем тест покажа дека е позитивен на корона вирусот.
Епидемиолозите се жалат дека роднини не сакале да соработуваат, но и да ги кажат лицата кои биле на свадбената церемнонија. Дали има кластер и колкумина се во ризик да се заразат со вирусот, најверојатно ќе се дознае утре.
Од друга страна, уште синоќа Министерството за здравство излезе со соопштение по информациите дека починатиот Амди Бајрам има позитивен тест на корона, дека Центарот за јавно здравје ги презема сите мерки за заштита и спречување на ширење на инфекцијата.
Од страна на ЦЈЗ Скопје, согласно редовната постапка во вакви случаи, итно ќе биде спроведена епидемиолошка анкета со најблиското семејство на починатиот со цел точна и детална идентификација на контактите во изминатите денови. Со анкетата, ќе биде направена евалуација на степенот на ризик и ќе биде дадена препорака за тестирање, односно самоизолација за неговите контакти, порачаа синоќа здравствените власти.
Но досега се уште не е издадено ниту едно решение за изолација од страна на надлежниот здравствен и санитарен инспекторат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.