„Изборниот молк се крши на терен со агитирање и дистрибуција на пропаганден материјал, на неколку интернет портали, а најмногу на социјалните мрежи како Фејсбук, Инстаграм и Твитер“, велат од Цивил.

Исто така, се забележува кршење на изборниот молк и од лица вработени во јавната администрација, дури и во МВР, кои повикуваат на бојкот, вели претседателот на Цивил Џабир Дерала.

ЦИВИЛ нотира случаи на организиран превоз на гласачи во Штип и во Карбинци. Набљудувачите на Цибил забележалe и други нерегуларности, како неистакнати обележја за забрането внесување оружје, забрането сликање и снимање на две избирачки места, потоа околу неколку избирачки места имало расфрлани летоци со негативна конотација за еден од кандидатите. Регистрирани се и случи кога членовите на ИО немале легитимации и немало две батерии, кои им се донесени подоцна. На избирачко место во Велес, околу десетина ливчиња биле скинати сосе делот што треба да остане во кочанот. Во Аеродром на избирачко место гласач на глас кажал за кого ќе гласа и бил опоменат од членови на ИО. Имало и член на ИО кој фотографирал личната карта на гласач. Набљудувачите забележале и други неправилности.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.