Таканаречените независни пратеници поднеле 300 амандмани за законот за јавно обвинителство, дознава Република. Доколку тие релано се поднесени, шансите за носење на законот за ЈО до утревечер се сведени на нула. 300 амандмани да се разгледаат за еден ден е повеќе од невозможно. Која е целта на ова?! Или за да не се донесе законот или да се одложи неговото донесување со цел одлагање на изборите.
Изворите на Република со кои разговаравме велат дека постои реален сомнеж дека се работи за договор меѓу независните и власта за свесно одложување на изборите закажани за 12 април, од причина што анкетите за рејтинг на партиите јасно кажуваат дека СДСМ би доживеала пораз на овие избори.
Извори на Република тврдат дека со независните за амандманите преговара Дамјан Манчевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.