Имам богата колекција од вратоврски што ми ги подарија низа лидери, меѓу кои и Зоран. Вратоврската на Зоран не ми е во плакарот, туку во фиоката од моето биро, за да ме потсетува на историскиот момент, на храбриот чекор напред за пријателство и соработка на нашите народи, што беше потпишувањето на Договорот од Преспа, изјави Алексис Ципрас, премиерот на Грција во интервју за МИА, прво за медиум од Македонија.
Заев му ја подари својата вратоврска на Ципрас веднаш по потпишувањето на договорот во Преспа.
Ципрас утре ќе го посети Скопје, што ќе биде негова прва официјална посета на Македонија.
Во пресрет на утрешната посета Ципрас ги отвора картите за претстојните разговори со неговиот колега Зоран Заев и делегациите од двете земји и идните планови за соработка, а говори и за важноста на Договорот од Преспа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.