Пахор, Ѓукановиќ, Рама, Брнабиќ, Курти, Рикер, Палмер, Хан, Лајчак, Ципрас се дел од учесниците на конференцијата што ја организира МНР под покровителство на Владата.

Утре и задутре во Охрид и Отешево ќе се одржи најголемата меѓународна конференција „Преспа форум дијалог“ во организација на нашата држава, а учесници ќе бидат највисоки претставници од САД, Европа и регионот. Носечка тема на конференцијата ќе биде „Западен Балкан: Делот што недостига за Европа да биде целосна“.

Овој форум, велат од Владата, се заснова на Охридскиот, Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија зошто тие создаваат нова алтернативна слика не само за нас туку и за регионот.

„Како тема за првата Конференција, всушност избравме прашање на обработка, кое во текот на целата година беше фокус на нашата надворешна политика, а тоа е надградбата на нашата пристапување кон ЕУ, следејќи го трендот што не само кај нас, во регионот, туку и во ЕУ се наметна како стратешко прашање, а тоа е стратешкиот интерес на ЕУ да го интегрира Западниот Балкан, како дел што недостасува, за да се заокружи проектот за обединета Европа. Не само создавањето на платформата, туку и темата на Конференцијата покажа една сериозност кај нашите меѓународни партнери дека не сме неми набљудувачи на процесот туку активно придонесуваме кон реализација на проектот, давајќи сопствен придонес, следејќи ги трендовите. Не е изоставен ниту делот на трансатлантските врски, кој ќе биде тема на дискусија и обработка на Панелот на високо ниво, каде ќе се разговара за враќањето на синергијата меѓу ЕУ и САД во однос на Западниот Балкан“,

велат од Владата.

На „Преспа форум дијалот“ ќе учествуваа двајца претседатели на држави, Борут Пахор – Словенија и Мило Ѓукановиќ – Црна Гора; четворица премиери: Еди Рама – Албанија, Зоран Тегелтија – БиХ, Ана Брнабиќ – Србија, и Албин Курти – Косово; и осум министри за надворешни работи од: Албанија, Австрија, Црна Гора, Хрватска, Косово, Романија, Полска, Грција, Чешка и Италија.

Од поранешни премиери ќе присуствува Алексис Ципрас од Грција, во чиј мандат беше постигнат Преспанскиот договор. Исто така, ќе има и значајни претставници од т.н. Охридска група.

Од САД и ЕУ ќе присуствуваат: помошник-државниот секретар за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот на САД, Филип Рикер; заменик-помошник секретарот во Бирото за европски и евроазиски работи во Стејт департментот на САД, Метју Палмер; еврокомесарот Јоханес Хан; специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак;



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.